Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека промената или падот на раководството на Иран не е целта на нападите на Израел врз земјата, туку дека тоа може да биде резултат.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава.
Синоќа во Белата куќа се одржа состанок на американскиот тим за национална безбедност предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, а по состанокот тој го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Според „Аксиос“, Трамп го повикал Нетанјаху веднаш по оваа средба, но деталите од повикот не се познати.