Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.
Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма пред да даде каква било наредба за напад, објави „Волстрит џурнал“.
Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.
Дилемата дали САД треба да му се придружат на Израел во нападот на Иран или да останат целосно на маргините ги разоткри поделбите меѓу поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува денеска Би-Би-Си. Републиканскиот претседател размислува дали да му помогне на Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки по вчерашната средба со неговите советници за национална безбедност во Белата куќа.