Иран се закани дека ќе ги нападне пратките на воена помош за Израел.„Предупредуваме дека испраќањето на каква било воена или радарска опрема со брод или авион од која било земја за да му се помогне на ционистичкиот режим ќе се смета за учество во агресија против исламски Иран и ќе биде легитимна цел на вооружените сили“, рече неименуваниот функционер во видео изјава емитувана на државната телевизија во саботата, според агенцијата Франс-прес (АФП). Да ве потсетиме дека Иран и Израел се во војна девет дена.
Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.