Американскиот претседател Трамп вели дека неговиот директор на националното разузнавање „погрешил“ во врска со нуклеарната програма на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.„Мислам дека е многу тешко да се постави тоа барање сега“, рече тој кога беше прашан за изјавата на иранскиот министер за надворешни работи дека САД ќе го повикаат Израел да ги запре воздушните напади ако Трамп е сериозен во врска со разговорите.„Ако некој победува, тоа е малку потешко да се направи отколку ако некој губи, но ние сме подготвени, желни и способни, разговараме со Иран и ќе видиме што ќе се случи.
Израелската војска рано утрово соопшти дека Иран започнал нов напад со ракети врз Израел.
ИРАН ЈА ИЗБРА АМЕРИКА ПРЕД ЕВРОПА Трамп смета дека Европејците нема да бидат од помош за завршување на војната Иран не сака да разговара со Европа.