Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР), украинската војска изразува голема благодарност до српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во зачувувањето на борбената способност на вооружените сили на Украина.
Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) денеска издаде ново соопштение во кое тврди дека муниција произведена во одбранбени компании на Србија, главно за тешки системи со голем дострел, се испраќа во земји на НАТО во форма на делови, а дека склопувањето и опремувањето на муницијата се одвива првенствено во Чешка и Бугарија, пренесоа белградските медиуми.