Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати порака на својата платформа Truth Social, предупредувајќи ги „глобалните играчи“ да не ги зголемуваат цените на нафтата додека Блискиот Исток врие од нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран, пренесуваат светските медиуми.
На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2,5 проценти минатата недела и продолжија да растат денес, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето на Блискиот Исток откако САД ги бомбардираа нуклеарните постројки на Иран во саботата.