Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со одржувањето на Парадата на гордоста во Будимпешта. Kurir
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за парадата на гордоста најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници. Mms
Министерот за правда, Бенс Тусон, испрати писмо до амбасадорите на другите земји од ЕУ во кое наведе дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да учествуваат во поворката.
„Правната ситуација е јасна, на Парадата на гордоста е забрането собирање“, напиша тој во писмо во кое увид имале француските медиуми. Plusinfo