Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нуклеарната програма на Иран претрпе огромна штета по неодамнешните напади од страна на САД и Израел, пренесува Анадолија.
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè уште ги задржува поголемиот дел од своите залихи на високо збогатен ураниум, објави „Фајненшл тајмс“.Резервите на високо збогатен ураниум на Иран останаа во голема мера недопрени по американските напади врз големите нуклеарни постројки, веруваат европските престолнини, фрлајќи сомнеж врз тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека бомбардирањето ја „уништило“ нуклеарната програма на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.
Добивај вести на Viber Иран егзекутира повеќе обвинети за шпионажа за Израел додека продолжуваат апсењата.