Како што објавија странските медиуми, организаторите очекуваат рекордна посетеност на 30-тото издание на Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај полициската забрана што ја наметна националистичката влада на премиерот Виктор Орбан, пренесе Индекс.
И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската забрана која произлезе од измените на закони и уставот, со кои владата ги ограничува правата на ЛГБТ заедницата, оправдувајќи го тоа со „заштита на децата“.Премиерот Орбан истакна дека полицијата нема да го растури настанот, но ги предупреди учесниците за „правните последици“ од нивното учество.