Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател, Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести кој било дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека Иран има капацитет да го продолжи производството на збогатен ураниум во рок од неколку месеци.
Иранските власти повеќе нема да му даваат пристап на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, до нуклеарните постројки во земјата, ниту пак ќе ѝ дозволат на агенцијата видео пристап до локациите, изјави денес заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хамид-Реза Хаџи Бабеј.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го предупреди Трамп да не користи таков тон кон врховниот лидер на Иран.