Иран нема да се врати на дипломатски преговори со САД сè додека Вашингтон не се откаже од понатамошни напади врз ирански цели, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт Раванчи во интервју за Би-Би-Си. Слушаме дека САД сакаат разговори, но засега нема ни датум, ни јасни услови, рече Раванчи.
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести кој било дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ништо не му понудил на Иран и оти „воопшто не разговара“ со иранските лидери.