Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја оцени Парадата на гордоста одржана вчера во Будимпешта како „одвратна и срамна“, обвинувајќи ја ЕУ дека ги инструирала опозициони политичари да го организираат настанот кој потоа се претворил во антивладин протест, пренесоа локалните медиуми.
Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската забрана која произлезе од измените на закони и уставот, со кои владата ги ограничува правата на ЛГБТ заедницата, оправдувајќи го тоа со „заштита на децата“.
Jure Tufekcic on Unsplash Рекордно високи казни би можеле да следат по досега најголемата парада на гордоста во Будимпешта, предвиде денеска независниот пратеник Акос Хаџази, еден ден по настанот.
Како што објавија странските медиуми, организаторите очекуваат рекордна посетеност на 30-тото издание на Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај полициската забрана што ја наметна националистичката влада на премиерот Виктор Орбан, пренесе Индекс.