Крајот на војната во Појасот Газа е близу, изјави денескa израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека се наведува дека дневниот број на жртви на палестинската територија е најмалку сто.
Израелската војска им нареди на Палестинците да ги евакуираат областите во северна Газа пред интензивирањето на борбите против Хамас, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на прекин на борбите во услови на обновени напори за посредување во прекин на огнот.
Неговата изјава, заедно со одлуката на Окружниот суд во Ерусалим да го одложи неговото сослушување во долгогодишниот судски процес за корупција, доведоа до шпекулации дека може да се постигне напредок во завршувањето на конфликтот во Газа и обезбедувањето ослободување на заложниците.
Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински медицински извори и припадници на цивилната заштита.