Митровиќ направи шоу во соблекувалната на Ал Хилал (Видео)Фудбалерите на Ал Хилал направија големо изненадување на Светското клупско првенство, откако во осминафиналето го елиминираа Манчестер Сити по продолженија – 4:3! Така саудискиот клуб во следната фаза на натпреварувањето закажа дуел со бразилскиот Флуминенсе, кој исто така изненади сите и го елиминираше Интер од Милано (1:0), поранешниот клуб на сегашниот тренер на Ал Хилал, Симоне Инзаги.
Победата на Ал-Хилал против Манчестер сити беше прославена бурно во соблекувалната на саудискиот гигант.