Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија.
Германија сака да ја задржи Шенген зоната на ЕУ, која овозможува слободно движење, но тоа може да функционира само ако не се злоупотребува од криминалци кои шверцуваат мигранти, изјави денес германскиот канцелар, Фридрих Мерц.„Секако дека сакаме да ја зачуваме Шенген зоната, но слободата во неа може да функционира само ако не се злоупотребува од оние кои промовираат нелегална миграција, особено шверц на мигранти“, рече Мерц, според Ројтерс.