Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот доскарешен соработник, милијардерот Илон Маск.
Технолошкиот милијардер Илон Маск вчера објави серија објави на социјалните мрежи во кои го напаѓа законот за даноци и трошоци на американскиот претседател Доналд Трамп и им се заканува на политичарите кои гласаат за него со предизвик на прелиминарни избори финансиран од најбогатиот човек во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не е сигурен дали да го депортира Илон Маск, објави дописничката на „Дејли меил“ Емили Гудин за „Х“.„Го прашав претседателот Трамп дали би го депортирал Илон Маск, а тој рече дека ќе мора да го разгледа тоа“, објави Гудина.
Омед Афшар, еден од највисоко позиционираните директори на Тесла и еден од најблиските довереници на Илон Маск, си замина од компанијата, соопштуваат лица што се упатени во случувањата околу масовното заминување на менаџерскиот врв, додека производителот на електрични автомобили од САД запаѓа во сé поголема криза.