Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод Денот на независноста на Белорусија, изјави дека врските меѓу двете земји се силни како и секогаш и покрај сериозните надворешни закани и предизвици.„Важно е денес, наспроти сериозните надворешни закани и предизвици, братските врски и меѓусебната солидарност што ги поврзуваат нашите земји да останат силни како и претходно“, пишува во честитката на Путин до лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе РИА Новости.