Министерството за внатрешни работи во Појасот Газа, под контрола на Хамас, му нареди денеска на водачот на вооружен бедуински клан кој се спротивставува на владеењето на групата, да се предаде и да се соочи со обвиненија за велепредавство.
„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.
Милитантната исламистичка група Хамас денеска соопшти дека е подготвена за договор за прекин на огнот со Израел, но дека не го прифаќа предлогот поддржан од САД, и инсистира на својот став дека секој договор мора да води до целосен прекин на војната во Газа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа на 7 јули, објави Aксиос, повикувајќи се на изјава на израелски функционер.