Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.
Матичната компанија на телевизијата Си-би-ес (CBS), „Парамаунт“ (Paramount) постигна вонсудска спогодба со Доналд Трамп и се согласи да му исплати 16 милиони долари на американскиот претседател за повлекување на тужбата, во која тој тврди дека во едно интервју телевизијата ја фаворизирала Камала Харис.
Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4 јули.
Facebook / Donald J. Trump Американски претседател Доналд Трамп денеска се обидува да обезбеди конечно усвојување на сеопфатен закон за даноци и буџетска потрошувачка, за кој републиканците се надеваат дека ќе стане негово трајно политичко наследство.