Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, денеска имаа телефонски разговор, откако по вчерашниот повик со рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Москва ќе продолжи со воената агресија врз Украина, без оглед на повиците од Западот за прекин на огнот.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е разочаран од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи, како што посочи, се чини дека тој не сака да ја запре војната во Украина.
Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4 јули.