Најмалку 31 работник беа спасени откако синоќа се урна тунел во индустриски комплекс во Лос Анџелес, соопшти Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD). Колапсот се случил во тунел со дијаметар од 5,5 метри, кој се гради за управување со отпадни води, а кој се наоѓа осум до 10 километри јужно од единствениот влез во комплексот на тунели, пишува ABC News.Работниците успеале да „се искачат преку куп лабава земја висока 3,6 до 4,5 метри“ за да се спуштат до другите колеги, а потоа со возила од тунелот биле транспортирани на безбедно место. Puls24