Рускиот претседател Владимир Путин си играше со американскиот претседател, Доналд Трамп, „како со виолина“ во врска со плановите за Украина, но сега „се преигра“, смета поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер.
Биткоинот денеска досегна рекордна вредност, како резултат на побарувачката од институциските вложувачи и крипто-политиките на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник, но не изнесе никакви детали.
Канадските стоки увезени во САД ќе се соочат со општа царина од 35 проценти почнувајќи од следниот месец, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението што дојде во време на активни трговски разговори меѓу двете земји.Канада, еден од најголемите трговски партнери на САД, е последната во низата земји што во последните денови доби писмо од Трамп во кое се предупредува за нови царини што ќе стапат на сила на 1 август.