Рускиот претседател Владимир Путин, за време на затворените преговори со американскиот претседател Доналд Трамп и иранските претставници, ја поддржа идејата за нов нуклеарен договор, според кој Иран ќе мора целосно да го прекине збогатувањето на ураниум, пренесува „Новости“.Оваа информација денес ја објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на три европски и еден израелски извор запознаен со разговорите.
Facebook / International Atomic Energy Agency (IAEA) Иран нема намера целосно да ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), спротивно на претходните најави, изјави денеска министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.