Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морскиот дел, југозападно од регионот Југоисточен Малуку во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG). Потресот е регистриран во 12:49 часот по локално време, со епицентар на околу 170 километри југозападно од островот Танимбар, на длабочина од 108 километри, се наведува на официјалната веб-страница на BMKG и во објавата на агенцијата на социјалните мрежи.
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди регионот на архипелагот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во 14:49 часот по локално време, со длабочина од 80 километри.