Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ќе ѝ испорачаат ново оружје на Украина, при што трошоците ќе ги покријат европските сојузници, . – Претседателот Трамп денеска презеде важна иницијатива: САД ќе ѝ испорачаат оружје на Украина во големи размери, доколку европските партнери го финансираат тоа – изјави Мерц доцна во понеделникот.