Дописникот на палестинската агенција WAFA објави дека еден маж, неговата сопруга и нивните пет деца се убиени кога израелските воени авиони гаѓаа куќа во Џабалија ал-Балад, северно од Појасот Газа.
Во населбата ал-Зејтун, југоисточно од градот Газа, четири лица се убиени, а други беа ранети во напад врз куќа во близина на училиштето Имам ал-Шафии. Netpress