Според неа, Русија покажува дека не сака мир и затоа Европската Унија ќе продолжи да го зголемува притисокот, со цел да ја запре нејзината агресија.
Калас истакна дека ЕУ ги поздравува најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање поголеми количества на оружја за Украина и дека е подготвена за изнаоѓање начини за споделување на товарот на трошоците. Denesen
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за воведување на еден од најстрогите, 18-ти по ред, пакет санкции кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас по завршувањето на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел. Denesen
Морам да кажам дека бевме навистина близу да ја увериме Словачка дека Комисијата го исполни она што таа го бара, па сега топката е во дворот на Словачка, изјави Калас.
Таа додаде дека во услови кога руската кампања на напади достигнува рекордни нивоа и кога „гледаме зголемена употреба на хемиско оружје од страна на Русија“ во Украина, санкциите се неопходни со цел на Москва да и се ограничат средствата за водење на војната. Denesen
Министрите донеле одлука и за вклучување на пет лица на листата на санкционирани поради сериозни кршења или злоупотреби на човековите права и за репресија на граѓанското општество и демократската опозиција во Русија.
Лицата кон кои се воведени санкции се членови на рускиот судски систем вклучени во прогонот на активистот Алексеј Горинов, кој беше осуден на три години затвор врз основа на политички мотивирани обвиненија поради неговото изразување на мислење за руската агресија врз Украина. Denesen