Израел во среда изврши серија силни напади врз сирискиот главен град Дамаск, ескалирајќи ја кампањата за која вели дека е во поддршка на друзското население во земјата – арапска малцинска група вклучена во смртоносни судири со сириските владини сили, објави Си-Ен-Ен. Нападите, за кои Сирија соопшти дека загинале најмалку три лица во нејзиниот главен град, ги натераа американските претставници да се обидат да спречат поголем судир меѓу соседните земји, при што Сирија се согласи да ги повлече своите трупи од јужниот град Сувајда и нов договор за прекин на огнот со друзската милиција во областа. Civilmedia