Британската влада во четвртокот соопшти дека планира да им даде право на глас на лицата на возраст од 16 и 17 години на сите избори во Обединетото Кралство, во рамките на „големата реформа на демократскиот систем на земјата“.
Британската влада соопшти во четвртокот дека планира да го снижи прагот за право на глас на 16 години, со што сите граѓани на возраст од 16 години и постари ќе можат да гласаат на избори во Обединетото Кралство, како дел од голема реформа на демократскиот систем на земјата, . Владата наведе дека предложените измени, кои треба да бидат одобрени од парламентот, ќе ги усогласат гласачките права низ целото Обединето Кралство со оние во Шкотска и во Велс, каде што младите веќе имаат право да гласаат на избори на ниво на децентрализирани власти.