Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции. Civilmedia
Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ од девет милијарди долари, вклучувајќи 1,1 милијарда долари финансирање што веќе беше посветено на Корпорацијата за јавна радиодифузија (КПБ). КПБ е одговорна за распределба на владините медиумски средства до американските јавни радиодифузери Ен-Пи-Ар (NPR) и Пи-Би-Ес (PBS) и нивните станици-членки.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека целта на законот е да „помогне во враќањето на фискалната разумност“ во земјата. Sitel