Повеќе од 5.000 луѓе во Јужна Кореја биле принудени да се засолнат во прифатни центри додека силните дождови ја погодуваа земјата трет ден по ред, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на 18 јули, додавајќи дека досега најмалку 4 лица загинале, а се нанесени штети врз имот и врз инфраструктура, . Предупредувањата за обилни врнежи остануваат на сила за поголемиот дел од западните и од јужните региони на земјата, а метеоролошката служба повика на крајна претпазливост поради ризик од свлечишта и поплави сè до 19 јули. Plusinfo