Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека Европа досега користела голем дел од американската одбрана и безбедност, но сега е решена да вложи повеќе сопствени ресурси… Во интервју за BBC, тој истакна дека Европа мора да преземе поголема одговорност и дека Германија веќе зголемува одбранбени трошоци за да ја зајакне својата армија… Мерц беше во посета на Велика Британија каде што потпиша историски договор за пријателство кој, покрај одбраната, се фокусира и на миграцијата… Овој договор го комплетира триаголникот на соработка меѓу Германија, Велика Британија и Франција, со цел подобрување на безбедноста, надворешната политика и економскиот раст во Европа… Во интервјуто, Мерц исто така зборуваше за добрата комуникација со американскиот претседател Доналд Трамп и за зголемената поддршка за Украина, вклучувајќи и стабилна испорака на оружје… Тој изрази надеж дека новите мерки ќе ја зајакнат европската одбрана и ќе ја намалат зависноста од САД.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ќе отпатува за Велика Британија во неговата прва официјална посета откако ја презеде функцијата во мај.