Градот Зеленоград, во близина на Москва синоќа беше во оган, откако Украина изврши напад со дрон, насочен кон главниот град на Русија, јавија повеќе извори на Телеграм каналите.
Руската воздушна одбрана собори два украински дрона што летаа кон Москва доцна синоќа, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, додека руското Министерство за одбрана објави дека вкупно 46 дрона се уништени во неколку региони.