Највисоката температура на планетата денеска напладне е измерена во градот Омдије, лоциран во југозападниот дел на Иран, каде живата во термометарот се искачи до 49,6°C, според податоците на метеоролошката платформа Огимет, која следи временски услови ширум светот.
И второто место на листата на најжешки градови му припаѓа на Иран – во градот Ахваз, сместен во долината на реката Карун, се измерени 48,6°C. На другата страна на температурната скала, најстудено денеска било во Антарктикот, каде на станицата Восток се измерени неверојатни -74,2°C. Во Европа, најжешко било во Турција , каде дури осум градови се најдоа меѓу десетте најжешки во регионот.