Според „Њујорк пост“, причината за повлекувањето на САД од оваа меѓународна културна и образовна агенција е она што неговиот тим го нарекува „антиизраелска пристрасност“ и спротивставување на политиките за различност, еднаквост и вклучување (DEI). Уште во февруари оваа година, Трамп нареди преиспитување на членството на САД во УНЕСКО, со посебен акцент на испитување на потенцијалниот антисемитизам и непријателски ставови кон Израел во рамките на организацијата, изјави функционер на Белата куќа, според „Њујорк пост“. A1on