Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денес изјави дека жестоките борби меѓу неговата држава и Камбоџа, во кои досега животот го загубија најмалку 16 лица, а стотици илјади се раселени, би можеле “да прераснат во отворена војна”, пренесе Би-Би-Си. Опомената на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените престрелки на оспоруваната граница влегуваат во втор ден, што претставува драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век. Biznisvesti