Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на денешното видео обраќање до јавноста изјави дека ќе достави предлог-закон до Врховната рада, кој ќе ги содржи сите елементи за независност на антикорупциските институции.
Илјадници луѓе синоќа низ Украина протестираа против ненадејната одлука на претседателот Володимир Зеленски да ја ограничи автономијата на две антикорупциски агенции кои се од централно значење за спроведување на реформите.
Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централно значење за спроведување на реформите, потег што Брисел го опиша како сериозен чекор назад и изрази длабока загриженост.