Британскиот хирург Ник Мејнард, кој неодамна се врати од Газа, за „Скај њуз“ изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) пукаат врз цивили на пунктовите за помош, „речиси како вежба за гаѓање мета“, додека хуманитарните услови во Појасот Газа се „катастрофални“.Мејнард, кој работел четири недели во болницата Насер во јужна Газа, рекол дека се соочил со сериозен недостиг на храна, особено за деца, и документирал случаи на израелска конфискација на формула за бебиња, што лекарите се обиделе да ја внесат. Nezavisen