Камбоџа и Тајланд денеска упатија меѓусебни обвинувања дека другата страна започнала артилериски напади низ спорните гранични области рано утрово, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот.
Министерството за одбрана на Камбоџа објави дека Тајланд ги гранатирала храмовите комплекси утрово и започнала копнени напади на неколку точки. Kanal5
Граничниот спор, кој трае со децении, повторно ескалираше во жестоки вооружени судири со употреба на борбени авиони, тенкови и артилерија, поради што Советот за безбедност на ОН свика итна седница за ситуацијата.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со лидерите на двете земји и дека и Камбоџа и Тајланд изразиле подготвеност за итен прекин на огнот. Telma