Кинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ). Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран. Libertas
САД веќе воведоа ограничувања за извоз на напредни технологии и чипови во Кина поради загриженост за нивна можна воена употреба.
И покрај санкциите, Кина продолжува да бележи напредок на пазарот на ВИ. Ли повика на поголема транспарентност, координирани иновации и надминување на бариерите во глобалната соработка. Sitel