Гардијан – Лондон Шефот на главната агенција на ОН што им служи на Палестинците изјави дека неговите вработени на првата линија паѓаат во несвест од глад, додека бројот на луѓе што умираат од глад во Газа продолжи да расте, а надежите за примирје избледеа поради пропаѓањето на преговорите.
Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога мировните преговори се во застој.
Израелските и американските преговарачи решија да ги напуштат разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа што се одржуваат во катарската престолнина Доха, откако Вашингтон го обвини Хамас дека не „делува со добра волја“, . Во изјава, специјалниот американски пратеник Стив Виткоф рече: – Решивме да го повлечеме нашиот тим од Доха на консултации по последниот одговор од Хамас, кој јасно покажува недостиг на желба за постигнување прекин на огнот во Газа.