Швајцарија ќе му даде имунитет на рускиот претседател Владимир Путин и покрај обвинението од Меѓународниот кривичен суд, под услов да дојде во земјата за да одржи мировна конференција, изјави денеска швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Локално
Минатата година, федералната влада ги утврди „правилата за доделување имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница“, имено: „доколку такво лице дојде на мировна конференција, а не ако дојде од лични причини“, рече швајцарскиот министер за надворешни работи на заедничката прес-конференција со својот италијански колега Антонио Тајани во Берн.