Во своето прво интервју за британските медиуми откако европските лидери се придружија на мировните преговори на Доналд Трамп во Белата куќа, Калас изјави за Би-Би-Си дека дозволувањето на Русија да ги задржи окупираните украински територии е „стапица во која Путин сака да паднеме“, пишува Би-Би-Си. Регионот Донбас на истокот од Украина е во центарот на конфликтот со години, а руската агресија принуди околу 1,5 милиони Украинци да избегаат во последната деценија.