Повеќе од 100 средношколци од четири училишта ги споделија своите проблеми и предизвици, во рамки на кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја приказна, наша поддршка“ што ја спроведува граѓанската организација Младите можат.
Активноста се реализираше во текот на мај, месец кој на глобално ниво е посветен на менталното здравје.
Повеќе од 100 средношколци од четири училишта ги споделија своите проблеми и предизвици, во рамки на кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја приказна, наша поддршка“ што ја спроведува граѓанската организација Младите можат. Kurir
Во четири училишта во Битола, Виница и Скопје беа поставени кутии во кои средношколците можеа анонимно да внесат листови на кои беа напишани нивните проблеми и предизвици, со кои се соочуваат во училишната средина или надвор од неа. Trn
Препознавањето на проблемот и признавањето дека постои е прв чекор кон негово решавање.
Токму тоа е целта на оваа активност, а и на целата кампања, односно да ја зголемиме свеста дека менталното здравје не треба да биде табу тема и дека училиштето е средина каде може да се решат предизвиците со кои се соочуваат учениците“, вели Филип Ивковски, координатор на програмите за ментално здравје во „Младите можат“. Republika
Токму тоа е целта на оваа активност, а и на целата кампања, односно да ја зголемиме свеста дека менталното здравје не треба да биде табу тема и дека училиштето е средина каде може да се решат предизвиците со кои се соочуваат учениците“, вели Филип Ивковски, координатор на програмите за ментално здравје во „Младите можат“.
Поради успешно спроведената активност и задоволството од постигнатите резултати од страна на учениците, психолозите и училиштата, иницијативата ќе продолжи и во септември во нови средни училшта низ Македонија. Meta
Во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, ќе се реализира и програма за унапредување на капацитетите за грижа на менталното здравје на средношколците, во десет училишта кои ќе се изберат преку јавен повик.
Станува збор за сеопфатна програма која вклучува обука на класните раководители за поттикнување на грижа за менталното здравје, спроведување неформални активности на оваа тема во училиштата и целогодишна менторска поддршка од искусен младински работник. Meta
Во четири училишта во Битола, Виница и Скопје беа поставени кутии во кои средношколците можеа анонимно да внесат листови на кои беа напишани нивните проблеми и предизвици, со кои се соочуваат во училишната средина или надвор од неа.
Потоа се организираа работилници со училишните психолози, на кои низ конструктивна дискусија се бараа решенија за она што ги мачи или вознемирува учениците. Kurir
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.