Избегнување работа на отворено од 11 до 17 часот, почести паузи и достапност на течности и електролити.
Ротација на работните задачи и преместување на работниците во постудени простории секогаш кога е тоа можно. Lokalno
Почести паузи во текот на работата, разладување на вработените со обезбедување климатизирани простории и течности за пиење и електролити.
Намалување на интензитетот на работата и нормите во производството. Kanal5
Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури.
Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на влијанието на топлотните бранови, или лица кои работат на работни места изложени на висока температура и топлинско зрачење, лица кои губат премногу течности за време на работата и така натаму, може да се почувствителни на болести поврзани со топло време. Kanal5