ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. Според информациите на полицијата, синоќа во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.В.(32) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.