Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025.
Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово.
На првата прозивка ќе се појават 15 одбојкари, единствено ќе недостасува Михајло Мирасчиев, кој поради приватни обврски ќе задоцни, но ќе се стави на располагање веќе на првиот тренинг попладнето.
Според планот репрезентацијата една недела ќе тренира во салата „Парк“ во Струмица, а потоа патува за Марибор каде на 24 и 25 мај ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска, како проверка на силата во пресрет на натпреварите од Златната Европската лига. Gol
Според планот репрезентацијата една недела ќе тренира во салата „Парк“ во Струмица, а потоа патува за Марибор каде на 24 и 25 мај ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска, како проверка на силата во пресрет на натпреварите од Златната Европската лига.
Во годинешното издание на ЦЕВ Златната Европска лига ќе учествуваат 12-те национални тима каде покрај Македонија ќе се натпреваруваат и Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел. Ekipa
На првата прозивка ќе се појават 15 одбојкари, единствено ќе недостасува Михајло Мирасчиев, кој поради приватни обврски ќе задоцни, но ќе се стави на располагање веќе на првиот тренинг попладнето. Gol
Македонија ќе биде домаќин на еден од трите турнири во третиот викенд од годинешното издание, кога од 20 до 22 јуни во салата „Парк“ во Струмица, ќе ги пречека Црна Гора и Израел.
По комплетирањето на турнирите ќе биде формирана заедничка табела на која првите четири најдобро пласирани селекции ќе изборат учество на финалниот турнир, кој ќе се одржи на 5 и 6 јули во Брно, Чешка. Sport1
По комплетирањето на турнирите ќе биде формирана заедничка табела на која првите четири најдобро пласирани селекции ќе изборат учество на финалниот турнир, кој ќе се одржи на 5 и 6 јули во Брно, Чешка.
Машката А репрезентација од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали. Sport1
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми.
Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред другите, вели во интервју за „Еуроњуз“ претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е свесен дека многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе бидат разбирачки и дека Белград наскоро ќе може да го отвори Третиот кластер.
„Не сум задоволна од она што го гледам во Србија… Новиот премиер и претседателот на Народното собрание ми ветија дека реформите ќе бидат брзо спроведени, но претседателот на Србија им го вети истото на претседателот на Европската комисија и на претседателот на Европскиот совет на крајот на март, па ништо не се случи… Ќе видиме како ќе продолжиме“, изјави европската комесарка Марта Кос на дебатата за Планот за раст за Западен Балкан, што се одржа синоќа во Европскиот парламент.
Со своите шест милијарди евра Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан е главен механизам за забрзување на економската конвергенција на земјите од регионот во ЕУ, уште пред нивното зачленување во блокот, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на размена на мислења за Инструментот со членови на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за буџет на Европскиот парламент.
Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026.
Откако македонската ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, денеска дозна дека ќе биде сместена во третиот „шешир“ пред ждрепката за завршниот турнир.
Царинската управа во текот на изминатите денови спречила повеќе обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока.
Спречен обид за криумчарење лекови на граничен премин Деве Баир.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде овластување на премиерот и лидер на партијата да номинира нови кадровски имиња.