Санчез на самитот на Арапската лига во Багдад изјави дека војната што започна со нападот на Хамас врз Израел во октомври 2023 година довела до „неприфатлив број“ жртви во Газа, кршејќи го „принципот на хуманост“.„Исклучително тешката хуманитарна криза низ која минува Газа од октомври 2023 година предизвика повеќе од 50.000 смртни случаи, 100.000 ранети и раселување на два милиони луѓе“, рече Санчез, кој претходно остро ја критикуваше израелската офанзива.