Поради груби стартови, директни црвени картони добија Карлсбогард и Ване, а Тим Хорнке постигна гол од седмерец за 30:30. Барселона имаше напад, шутот на Ричардсон го запре голманот на Магдебург, а потоа со играч повеќе, Магдебург одигра извонреден напад, топката дојде до Хорнке, кој погоди за конечни 31:30. Инге Магнусон постигна 11 гола, Тим Хорнке седум, Албин Лагергрен четири, а Феликс Клар три гола.