Topsport
Во првото полуфинале, Берлин го победи Нант со 34:24, додека во второто полуфинале, по драма и трилер, Магбебург ја победи Барса со 31:30. На 60 секунди пред крајот, Барселона, која водеше речиси во текот на целиот натпревар, водеше со 30:29, но потоа следеше неверојатен пресврт.
Поради груби стартови, директни црвени картони добија Карлсбогард и Ване, а Тим Хорнке постигна гол од седмерец за 30:30. Барселона имаше напад, шутот на Ричардсон го запре голманот на Магдебург, а потоа со играч повеќе, Магдебург одигра извонреден напад, топката дојде до Хорнке, кој погоди за конечни 31:30. Инге Магнусон постигна 11 гола, Тим Хорнке седум, Албин Лагергрен четири, а Феликс Клар три гола. Topsport